[Текст за песната „Ela“]
[Строфа 1]
Кратки црни фустани и лажни насмевки
Улиците се преполни со некои чудни ликови
А ти наивна и искрена во овој полусвет
Мислиш сите цвеќиња во пупка кријат цвет
[Пред-Рефрен]
Ела погледни во себе само
За плачење ти треба рамо
Времето ти чука тика-така
Немој ела, не си прави вака
[Рефрен]
Ела, ела душо врела, мирисаш на радост цела
Храбра си, но, знај дека светот не е рај
Ела, ела розо бела, сè уште ти не си зрела
За овој чуден свет кој не вреди ни пари пет
[Строфа 2]
Ајде, ела, застани, не врти се во круг
Сите твои проблеми ги крои некој друг
Секој може секому сон да продаде
Дали поскапо ил ефтино
Тоа ништо вредно не е, не
[Пред-Рефрен]
Ела погледни во себе само
За плачење ти треба рамо
Времето ти чука тика така