Makedonski Jazik i Literatura
Gramaticka Struktura na Recenicata (Recenicni Clenovi)
Реченицата има своја граматичка структура. Таа е составена од членови, и тоа:

1. Главни
2. Неопходни
3. Второстепени

Основен член на реченицата е прирокот. Без прирок (личноглаголска форма) нема реченица. Но, прирокот, самиот не ја сочинува целата реченица. Ретко имаме примери кога тој стои самостојно без другите делови на реченицата. Односно, прирокот е секогаш поврзан со подметот (вршителот на дејството).
На пр.: Снеже секој ден доаѓа порано в училиште. Се зачлени во училишниот хор. Пее. Таа навистина убаво пее...

Покрај подметот и прирокот речениците содржат и други додатоци кои се неопходни и одговараат на прашањата: Кого? Што? Каде? Колку? Како? итн.
На пр.: Снеже ја пее химната во училишниот хор.

Реченичните членови: директен предмет, индиректен предмет, предмет со предлог, како и додатоците на прирокот (за место, време, количество итн.) се нарекуваат неопходни реченични членови.

Покрај неопходните, постојат и такви членови без кои реченицата може да опстојува и кои не влијаат на структурата на реченицата.
На пр.: Убавата Снеже, мојата сосетка; секој ден пее во училишниот хор.

Атрибутот и апозицијата не се неопходни и претставуваат второстепени реченични членови.