Makedonski Jazik i Literatura
Negacija
Сите видови реченици може да ги негираме.
Одрекуваме кога некое дејство не се извршило, не се врши или нема да се врши.

Негираме со:
1. честичките: не, ни и ниту;
2. одречните заменки, заменски придавки и прилози: никој, ништо, ничиј, никаков, никаде, никогаш, никако;
3. со некои префикси

Разликуваме неколку видови негација:
1. Во зависност од бројот на одречните зборови во реченицата се разликуваат:
- еднократна и
- повеќекратна негација.
2. Во зависност од тоа дали го негираме прирокот или некој друг член од реченицата разликуваме:
- реченична (прирокот) и
- членска (друг член од реченицата).
3. Покрај негирањето како во претходните примери, може да се негира и со зборови со вградена негација: заборави (не се сети), ретко (не е често), спречи (не дозволи) итн.