Makedonski Jazik i Literatura
Drama
Драмата е еден од трите литературни рода. Таа е претставувачка уметност. Претставувањето на ликовите и настаните е преку дијалошка форма.
Драмите можат да бидат во проза, во стих и комбинирани во проза и стих. Театарот е тесно поврзан со драмата, бидејќи таа е предвидена да се изведува пред публика. Значи, драмскиот текст, може да го читаме, но може и да го гледаме изведен на сцената. Драмата се разликува од епиката, особено по дијалошката форма, но и другите специфики што ги носи:
- Дијалог
- Драмско дејство
- Монолог
- Простор и време
- Афиша
- Пролог
- Чинови
- Слика
- Сцена
- Дидаскалии
- Епилог
- Композиција
Драмското дејство се одвива во пет основни композициски етапи (обично во пет чина):
1. Експозиција
2. Заплет
3. Кулминација
4. Перипетијата
5. Расплетот