Makedonski Jazik i Literatura
Stilski Izrazni Sredstva (Fonetsko-Morfoloski)
Поетските творби, односно сите дела напишани во стих, се карактеризираат со богатство на јазикот и стилските изразни средства или стилските фигури. Во минатото тие се проучуваа од теорија на литературата, но сега се предмет на изучување на стилистиката. Фонетско-морфолошките стилски изразни средства, наречени и фигури на дикцијата, се однесуваат на гласовните особености на зборовите, повторување на исти гласови во стихот, или зборови со слично звучење а различно значење и сл. Да наброиме неколку:
Асонанца
Алитерација
Ономатопеја
Парономазија
Анафората
Епифората
Симплохата
Палилогија