Биљана платно белеше (Biljana platno beleshe)

Биљана платно белеше
На охридските извори
Оздола идат винари
Винари белограђани

Винари белограђани
Кротко терајте карванот
Да не ми платно згазите
Платното ми е даровно

Биљано, момe убаво
Ако ти платно згазиме
Со вино ће го платиме
И бела лута ракија

Јаc не ви сакам виното
Тук ви го сакам момчето
Што напред тера карванот
И капче носи над око